Ферари сметаат дека има многу работа за новите правила

Од Ферари сметаат дека има долга листа на работи кои треба да се решат пред да бидат дефинирана Формула 1 иднината од страна на Либерти Медиа со согласност на екипите.

ФИА и Либерти сакаат што поскоро да донесат рамка за правилата од 2021 година, а Јуни годинава е краен рок за тоа, при што состаноците со тимовите во последно време се интензивирани. Формална презентација на идеите беше направена во Бахреин, а индивидуалните состаноци се во тек.

Иако во Маранело се свесни дека има многу отворени прашања, сепак се оптимисти дека работите се движат во вистинска насока.

нема многу време, но за нас е најважно да се постигне вистински договор и тоа да се направи во разумно време. ќе продолжиме да бидеме во контакт со фиа и формула 1, има многу работи кои треба да се решат како владеењето, приходите, финансиската регулација, техничките правила, стандардизација… листата е многу долга.

сепак, долгата листа сама по себе не значи дека и компромисите се тешки. јас сум позитивен и оптимист со дискусиите и соработката која ја имаме поради што знам дека ќе најдеме вистински баланс – објасни матиа биното, шефот на екипата.

Позитивна работа која е договорена во последно време е техничките правила да бидат откриени на крајот од сезонава, во Декември, што е генерално на задоволство на екипите за да оние со големи ресурси не се стекнат со предност. Сепак, такво поместување на рокот треба да биде постигнато со едногласен договор согласно Спортскиот код за промените од 2021 година.

процесот на договарање на правилата е во тек. има работи за кои имаме спротиставено гледиште за разлика од фиа и веруваме дека сме во право, но сепак дискутираме.

мислам дека за формула 1 е добро да се најде вистински догово и сигурен сум дека до тоа ќе дојде – заврши биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ