Ферари со неколку новини на Марина Беј

Шефот на Ферари, Матиа Биното, потврди дека тимот ќе донесе некои помали новини на аеродинамиката на СФ90 болидот со цел да се задржи чекорот со водечките на патеката која не им одговара.

Италијанците победија на двете трки по почетокот на вториот дел од сезоната, но се работеше за трки кои бараат многу од моторот, а следува Сингапур, бавна патека полна со кривини која би требало да го покаже недостатокот на потисна сила на болидот од Маранело.

по двете едноподруго победи атмосферата во тимот е одлично, а расположение има и кај наште тифози. но, реално, победите се зад нас и свесни сме дека сингапур ќе биде нов предизвик затоа што патеката има карактеристики кои не му одговараат целосно на нашиот болид.

носиме некои нови делови со цел да го намалиме заостатокот до конкуренцијата на патека која доминантно е составена од бавни кривини.

трката традиционално иам непредвидени настани помеѓу бариерите на улиците на сингапур, услови кои се надеваме дека фетел и леклер ќе ги искористат. предвидуваме тешка, но возбудлив трка – најави биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ