Ферари со нови шари во Јапонија

Ферари ќе има нови шари за престојната Голема награда на Јапонија претстојниов викенд, пренесува motorsport. Промената е почеток на нова иницијатива од главниот спонзор Филип Морис, компанија која долго време е поврзана со Маранело и придонесува со мнгоу средства во буџетот, но малку е застпена преку боите на шасијата.

Колкаво ќе биде ребрендирањето на СФ71Х сеуште не е јасно, но од првичните слики и видеото пуштено пред официјалното појавување на болидот во Сузука утре, се работи за бели налепници и натписи на најскапите места за рекламирање, поклопецот на моторот и задното крило.

Motorsport пренесуваат дека новата реклама нема да биде никаква промоција на некој бренд на производ на Филип Морис, туку ќе биде старт на процесот на трансформација на деловните активности на компанијата кои треба да бидат насочени кон науката, технологијата и иновацијата.

Оваа година Филип Морис и Скудерија Ферари открија дека ќа продолжуваат соработката се до 2021 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ