Ферари со ново предно крило и променет под

Ферари во Сингапур донесе неколку видливи новини кои се надеваат дека ќе ги подобрат квалитетите на нивниот СФ90 болид на бавна патека како Марина Беј која одговара на пакетите кои ги имаат Мерцедес и Ред Бул.

Иако италијанците триумфираа на последните две трки, Спа и Монца беа целосно различни патеки со долги правци каде силата на моторот од Маранело дојде до израз. Сингапур е чиста спротивност, патека со многу кривини, 23 на број, и куси правци каде нема место моторот да се покаже.

Ферари донесе ново предно крило со додаток кој треба да им даде дополнителна потисна сила во предниот дел на болидот, но и да им помогне да го насочат воздухот под подот на болидот. Се работи за концепт кој сезонава го користат некоклу екипи, но Ферари не се осмелуваше да го проба до викендов.

Промени има и кај подог пред задните тркала со неколку пмали перки и исечоци кои треба да го подобрат тој дел од пакетот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ