Ферари Ф2002 на Шумахер оди на аукција

Болидот Ферари Ф2002 на Михаел Шумахер, оваа година оди на аукција за време на трката во Абу Даби.

Аукцијата ќе се одржи во Сабота за време на Гранд При викендот и ќе бидат понудени многу скапи и ексклузивни возила. Шасијата бр.219 Шумахер ја возеше на Имола, А1 Ринг и Мањи Кур, што значи дека Михаел со тој болид ја освоил титулата. Поголем дел од парите од продажбата ќе се донираат на фондацијата на Шумахер.

Покрај болидот, ќе се продава и речиси ново Ферари Ф40 потпишано од Себастијан Фетел.

ферари Ф2002 на Михаел Шумахер со број на шасија 219 е навистина посебно, еден од болидите на Рори Брн што е најбрз болид до сега и доминираше на патеките. Ова е дел од Формула 1 историјата и ќе се продава покрај речиси новото Ферари Ф40.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ