Ферари ќе прави анализа за да му помогне на квалификации на Леклер

Ферари планираат да направат темелна анализа за да му помогнат на Шарл Леклер да се поправи во последниот сегмент на квалификациите.

Леклер признава дека една од областите во кои треба да се поправи е К3 сегментот бидејки константно прави грешки во борбата за пол позиција.

Матиа Биното изјави дека Ферари се свесни за проблемот и ќе се потрудат да му помогнат на својот возач.

Дел е неговото искустство и сигурни сме дека може да му помогнеме. Треба да се разбере развојот на патеката и тоа како треба да се менаџира болидот во К1, К2 и К3. Доколку се погледнат податоците и ги споредиме со Фетел тогаш има што да се научи.

Леклер мисли дека се мали детали, како неможноста на адаптирање на временските услови кои прават разлика во К3.

Треба повеќе да се приспособувам на временските услови. Ветрот кај овие болиди прави разлика. Малку се промени во Канада, но сепак не беше голем проблем. Главната причина е што треба целосно да се посветам на возењето. Треба да имам добра конфигурација и тоа да е перфектно за К3, а не за К1. Тогаш можеби треба повеќе да се внимава на еволуцијата на патеката што можеби е клучно

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ