Ферари ќе се поднови и во Франција, најавуваат “мала еволуција“

Ферари ќе има неколку мали еволуции за време на Француското Гранд При како дел од постојниот развоен план на нивниот СФ90 болид за оваа тркачка сезона.

Од почетокот на сезоната италијанците се зад своите конкуренти од Мерцедес, но драстичн ого забрзаа својот првичен развоен план со цел да се “вратат во игра“. Сепак, признаа дека за било какви сериозни новини ќе им биде потребно доста време.

Во Канада Ферари победија, но казната од 5 секунди му го одзема триумфот на Себастијан Фетел, но карактеристиките на патеката во Монтреал, односно долгите и брзи правци, целосно одговараа на болдиот на тимот.

Се очекува да се мачат повеќе во Франција, а неколкуте новини се надеваат дека ќе ги доближат поблиску до “сребрените стрели“.

по канада дефинитивно сакаме да се вратиме на вистинската патека и повторно да се тркаме со нашите ривали. во франција ќе имаме мала еволуција, елементи кои претставуваат корисен чекор во насоката на развој на нашиот овогодишен болид.

она што ќе го донесеме секако дека нема да ги реши сите наши проблеми, но техничкиот фидбек кој ќе го добиеме од овие новини ќе биде многу важен за следните чекори кои сакаме да ги превземеме.

Пол Рикар не беше лесна патека за нас лани и знаеме дека истата не го фаворизира нашиот пакет, но ништо не е невозможно и ќе бидеме поготвени на се – објасни матиа биното.

Во моментов Ферари се 123 поени пред Мерцедес кај конструкторите по 7 извозени трки, додека Себастијан Фетел е на 3то место во возачкиот поредок со 62 поени зад Луис Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ