Ферари 312Т на Лауда оди на продажба

Аукциската куќа Gooding and Company викендов ќе организира наддавање за легендарниот Ферари 312Т од 1975 година, болид кој Летечкиот Ники Лауда го возеше до својата прва шампионска титула во кариерата.

Шасијата број 022 која е предмет на продажба има реден 12-цилиндричен мотор, а легендарниот австриец ја доведе до пет пол позиции, победи на Француското Гранд При како и не БРДЦ Интернационалниот трофеј, трка која во 1975 година не беше дел од Формула 1 календарот.

Секако дека вакво педигре чини многу, а се очекува да биде постигната цена помеѓу 6 и 8 милиони долари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ