Фетел верува во добриот ритам

Себастијан Фетел смета дека Скудерија Ферари може да се бори за врвот во текот на тркачкиот викенд во Франција со цел да дојде до првата победа годинава.

Иако прв мина низ целта во Канада, победата на германецот од Ферари му беше одземена поради одлуката да се казни 5 секунди за небезбедно враќање на патеката, а Луис Хамилтон ги однесе 25те поени за себе.

лани трката во франција беше прва на пол рикар по многу години пауза, така што годинава ќе имаме многу повеќе податоци за автодромот. се работи за патека со долги правци и бавни кривини, иако има кривини со различна брзина. најголем дел од кривините годинава добија нов асфалт – појасни фетел.

Германецот од Ферари предвидува трка со едно застанување во боксот откако Пирели се реши да не ја донесе најмеката компонента во својата гама. Патеката често нуди високи температури на воздухот и асфалтот што носи и голем притисок врз гумите. Но, новиот асфалт треба да донесе константност на подогата и намалување на ризикот од силна деградација на пневматиците.

Лани Себ беше виновен за инцидентот од првиот круг со Валтери Ботас, а трката ја заврши на 5то место по неверојатното враќање “во игра“ така што се надева на одличен ритам и сезонава.

имаме еден чекор потврди гуми одошто во монтреал и веројатно ќе има уште една трка со едно застанување во боксот. времето може да биде непредвидливо и често е многу топло и ветровите.

лани трката ми беше уништена во судар од првиот круг иако мислам дека ритамот беше одличен и бевме многу брзи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ