Фетел е сигурен дека ќе “кликне“ со Ферари годинава

Себастијан Фетел истакна дека грешките од скоро не се поради некаков ментален пристап и појасни дека сеуште има време да “кликне“ со Ферари во 2019 година.

Германецот има тешка сезона годинава и сега заостнаува позади Леклер во генералниот пласамн кај возачите, по двете победи за дебитантот во Ферари. Себастијан имаше тешка трка во Италија откако се изврте, доби казна и ја заврши трката на 13то место.

Не сметам дека е психички проблем. Не е дека сум во погрешен ментален стадиум, мислам дека ги вршам правилните работи и поради тоа не треба да се компплицираат нештата премногу.

Можеби немав целосна доверба во болидот, но тоа се подобрува, се подобрува моето разбирање на болидот, а потоа е само прашање на детали.

сигурен сум дека работите ќе кликнат, само треба да останеме фокусирани. Секогаш може да се подобрат работите и треба да работам на тоа, ќе видиме како ќе бидат следните трки.

За Шарл, мора да бидете фер и да прифатите дека е многу брз. на квалификациите јас не бев во добра форма. Имаше некои сесии каде не учествував целосно, како во Австрија и Германија, потоа во Монца само во половина. Нема некој голема разлика помеѓу нас.

Фер сум и признавам дека тој беше подобар во квалификациите и врши подобра работа од мене, но потоа мора и да се разгледаат причините за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ