Фетел загрижен за луѓето во боксовитепри при дуелот Макс – Ботас

Себастијан Фетел бил загрижен за луѓето во боксовите во Монако особено за оние од Рејсинг Поинт откако бил сведок на блиската борба помеѓу Макс Верстапен и Валтери Ботас при нивната промена на гуми.

Челото на колоната се реши за промена на гуми при појавувањето на безбедносното возило, Мерцедес сакаа двојна промена, но Ред Бул беа за нијанса побрзи, ја превземаа позицијата на Ботас преку промена, но пребро и небезбедно го вратија Верстапен во трка.

Возачот на Ферари беше веднаш зад нив и можеше да види што се случува и како Макс со маневар во десно буквално го однесе во ограда возачот на Мерцедес.

макс сигурно имаше неверојатно менување гуми затоа што сите тројца бевме залепени еден зад друг, јас излегов зад валтери, но макс вго мина и имаше побрзо менување од двајцата нас. но, немаше каде да оди, немаше место.

да бидам искрен јас бев по малку загрижен за некои од луѓето во боксовите, но не паничеа, туку прибрано направија место, не знам од која екипа беа, рејсинг поинт е сега, форс индија, извинете не знам точно.

тргање на сите црева и опрема за да се направи место за двајцата кои беа буквално паралелно еден дод друг, но возеа многу блиску до луѓето јас тоа го видов.

валтери немаше каде да оди, јас помислив дека можам да искористам нешто, така и испадна. валтери имаше среќа затоа што имаше голема предност пред оние позади што можеше да влезе уште еднаш во боксот, не е идеално, но можеше и да ја заврши трката токму таму – објасни себ.

Запрашан што мисли за казната на Верстапен, германецот од Ферари одговори:

јасно е дека е тешко да се ослучи затоа што во тој бокс нема место. јас воопшто не сакам казни, но мора да се најде начин да се ограничат опасните маневри. беа многу блиску до дел од опремата во боксовите затоа што тоа не е направено за два болиди паралелно, не знам искрено …

сигурен сум дека стјуардите многу пати ја прегледувале снимката. од позади изгледаше дека макс може да остави повеќе простор, но тоа не беше ништо значително.

не знам дали тој излезе пред валтери и колку и дали имаше потреба толку многу да го притиска возачот на мерцедес. не знам дали пред макс имаше нешто што мораше да го избегне во десно, не можев да го видам тој момент од зад нив.

како што реков, не сакам казни, но сигурен сум дека одлуката била фер – заклучи фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ