Фетел и Култхард потврдени за Трката на Шампионите

Себастијан Фетел и Дејвид Култхард повторно ќе учествуваат во Трката на Шампионите во 2019 година, во која учество земаат возачи од повеќе дисциплини, еден против друг, во еднакви возила.

Четирикратниот Формула 1 шампион и возач на Ферари, Себастиајн Фетел, го потврди своето учество, како и победникот на 13 Гранд При трки, Дејвид Култхард. Настанот следната година ќе се одржи во амфитеатарот Форо Сол, кој е дел од Формула 1 патеката во Мексико.

Фетел дебитираше во оваа трка во 2007 година каде беше партнер со Михаел Шумахер во Купот на Нациите за Германија. Дуото ја задржа титулата се до 2012 година со шест последователни победи. Германецот исто така го освои и Купот на Нациите самостојно минатата година во Мајами, кога партнер му беше Паскал Верлејн.

Фетел исто така беше крунисан за Шампион на Шампионите во 2015 година на лондонскиот Вембли стадион.

Пресреќен сум што се враќам на Трката на Шампионите, која беше постојан дел од мојот тркачки живот уште кога пристигнав во Формула 1. Сите возачи кои ја имаат честа да учествуваат во оваа трка го обожаваат настанот. Тоа е случајот бидејќи не потсетува зошто воопшто почнавме да се тркаме; чиста конкуренција со идентични автомобили.

Трката во Мексико ветува неверојатен настан во спектакуларниот Форо Сол, што веќе е дел од нашата омилена патека. Мислам дека ова ќе биде идеално место за Трката на Шампионите.

Тркањето е напнато и секој сака да победи, но исто така се прави големо шоу за фановите. Одвај чекаме да им покажеме за што сме способни и секако ќе направам се што можам за да победам повторно! – изјави Фетел.

Моменталниот шампион во Трката на Шампионите, Дејвид Култхард, исто така одвај чека да се врати позади управувачот и да “им покаже на децата како се вози“.

Постојана мистерија е зошто сум сеуште толку успешен во оваа трка кога возам против возачи кои се помлади и поталентирани од мене! Но тоа е суштината на системот на елиминација. Сигурен сум дека ќе ме стигнат набрзо, но се додека не дојде тој ден, јас ќе продолжам да возам и да им покажувам како се вози …

Сега кога сум официјално пензиониран од тркањето, ако сум искрен, секогаш сум изненаден што претседателот на ROC, Фредрик Јонсон ме кани, Но пресреќен сум. Друштвото со другите возачи за време на настанот е посебно и многу забавно за нас, како и за фановите.

Атмосферата во стадионот е навистина посебна. Гледате кон автомобилите од трибините и таква глетка нема на друго место. Ако на некој му треба потсетување зошто уживаат во моторспортот, нека повелат. Одвај чекам да ги видам сите во Мексико Сити во Јануари – изјави Култхард.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ