Фетел: Немаме грип во најбавните свиоци

Четирикратниот шампион Себастијан Фетел смета дека тимот на Ферари има недостаток на перформанси низ бавните свиоци и сеуште се мачат со пневматиците на Пирели.

Откако првите тренинг сесии ги заврши на петто и второ место, германецот е позитивно расположен, иако во Т1 неговите ривали од Мерцедес беа скоро цела секунда пред него.

Ова беше интересен ден, патеката многу се лизгаше на почетокот и убеден сум дека ќе се подобри во текот на викендот. Се мачевме со пневматиците, особено при долгите стинтови.

Ќе работиме во последниот тренинг бидејќи добра стартна позиција е клучна на оваа трка.

Моментално би рекол дека не сме најбрзи, особено при чист круг, каде нашите главни ривали имаат солидна предност. Ни недостасува грип во најбавните свиоци и болидот сеуште не е како што посакувам. Ќе направиме некои подесувања за да го најдеме балансот кој ни недостасува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ