Фетел несреќен поради губењето на трката во Германија

Себастијан Фетел смета дека е голема штета што Формула 1 нема во иднина да се вози во Германија и смета дека недостатокот на трка може да има долгорочни последици.

Единствено Големата награда на Белгија, Италија и Британија имаат повеќе Формула 1 присуства од 64те пати колку што Германија била во календарот. Хокенхајмринг и Нирбургринг од 2008 година имаа договор за поделба на организацијата, но втората патека се повлече поради што немаше трки во Германија во 2015 и 2017 година.

Напуштањето на Хокенхајм требаше да се случи уште по крајот на миантата сезона, но Мерцедес се појави и како главен спонзор помогна да има трка и оваа сезона. Формула 1 излезе со првична верзија на календарот за 2020 година каде ја нема Германија, а нема ниту предвидено место за неа.

Пет организатори немаа договор за следната година по крајот на оваа, но единствено Германија отпадна од календарот, а останатите испреговараа нови услови.

нешто треба да се направи можеби уште следната годиниа или потоа, но формула 1 треба да биде во германија и се надевам дека челниците на тркачката серија ќе се позанимаваат со тоа.

формула 1 не треба да губи трки во земји со толку голема традиција за спортот како англија, италија и германија. поради тоа е штета, знам дека проблем се парите, но нешто мора да се направи во врска со тоа.

каде и да одиме како замена, тоа мора да биде барем толку добро како во германија и да има толку чуѓе како во германија, но не сум сигурен дека има такво место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ