Фетел не гледа потреба од повеќе улични трки

Четирикратниот Формула 1 шампион, Себастијан Фетел, не смета дека на спортот му требаат повеќе улични трки како на пример во Лондон и објаснува дека силверстон и сличните го прават среќен и задоволен.

Бритсанското Гранд При ја обезбеди својата иднина во следните пет години иако постоеја шпекулации дека Лондон ќе ја превземе организациајта со градска трка низ метрополата. Но, челниците на спортот размислуваат и покрај Силверстон да организираат градска трка во Лондон.

среќен сум и задоволен со силверстон затоа што мислам дека тоа е одлично место. никогаш нема проблем со одлична трка и одлично шоу таму и нема никако проблем со публиката која секогаш е рекордна.

тоа е една од најдобрите трки кои ги имаме, а публиката одлична, иако сум германец. поради сето тоа не гледам никаква потреба да ја селиме трката кон градовите затоа што не мислам дека ќе има повеќе публика. откако се сеќавам знам дека имаме по над 100 илјади фанови на трка – заклучи фетел.

Силверстон беше домаќин на првата Формула 1 трка во 1950 година, а историскиот аспект беше многу важен за заджување на трката во календарот и во иднина.

силверстон е дом на моторспортот и таму мора да се тркаме. среќен сум што ќе останеме и не да правиме нешто “фенси“ и модерно. патеката е одлична и нема возач кој не ја сака.

фановите ја сакаат, секоај година доаѓаат во огромен број и се е во ред. се надевам дека силверстон добиле добар договор и соработката со либерти ќе им продолжи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ