Фетел не се откажува: Се може да се случи во Сингапур

Себастијан Фетел смета дека кога е во прашање Големата награда на Сингапур, се може да се случи под рефлекторите на Марина Беј.

Пред две години германецот тргна од пол позиција, но неколку метри подоцна се судри со својот колега откако двајцата се обидуваа максимално да го затворат Макс Верстапен. Патеката е полна со кривини и бавна поради што не одговара на карактеристиките на СФ90 болидот.

по спа и монца следува сингапур која е многу различна патека, но на неа и многу уживам. трката низ градот е супер, нерамно е и нема простор за грешка, остануваме на европско време што е чудно затоа што ја напуштаме патеката кога локалното население се буди.  треба максимална потисна сила и најмеки гуми за совршен круг.

претходно сме виделе дека се може да се случи на трката и конечниот резултат е непредвидлив. надвор од патеката ќе има голем притисок врз сите во тимот затоа што русија следува само седум денови по сингапур – објасни фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ