Фетел: Ни недостасува грип

Себастијан Фетел смета дека Мерцедес се фаворити во сингапур, додека Ферари треба да го решат проблемот со недостаток на грип.

По првиот ден од Големата награда на Сингапур, германецот го имаше 3то време на денот, но со цели 8 десетинки заостаток зад Мерцедес и Луис Хамилтон. Себ загуби време во гужва додека работеше квалификациски кругови поради што смета дека заостатокот реално е помал, но знае дека имаат проблеми со грипот на бавната патека.

мерцедес беа многу силни денеска, а тоа не беше само во летечки квалификациски круг. се на се беа малку побрзи од нас, а сметам дека ние можеме подобро, можеме да го подобриме болидот утре.

ни недостасуваше баланс и треба на друг начин да го дистрибуираме грипот. се мачам со предниот дел, а на долгите серии речиси се прегреваше и доста се лизгав по патеката.

нашите летечки кругови не беа многу чисти поради гужвата и поради тоа тешко е да се суди за нашиот заостаток, но мислам дека ако добро го подесиме балансот на болидот ќе бидеме доста посилни.

тешко е да се каже каде беа ред бул денеска, не знам колку чисти биле нивните серии. утре на квалификациите сите имаат доволно гуми и доволно обиди да се покажат. треба да сме добри и мислам дека не сме многу позади водечките – појасни фетел.

Себастијан е во потера по својата прва победа откако има пост од 22 трки, а сака да се врати по тешкиот викенд за него преполн со грешки на домашната трка за Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ