Фетел одговара на критичарите: Во врвна форма сум

Себастијан Фетел ги негираше шпекулациите кои велеа дека на крајот од сезонава ќе замине од Формула 1.

Германецот е во врвот на моторспортот од 2007 година, а неговиот договор со Ферари има важност до крајот на 2020 година. Но, поранешниот Формула 1 супремо и негов личен пријател, Берни еклстон, неодамна изјави дека очекува четирикратниот првак да се прости од тркачката серија на крајот од оваа сезона.

Запрашан да одговори на коментарите на Берни, Себ одговори:

нема да бидам во формула 1 долку колку што беше тој, тоа е сигурно, но се надевам дека ќе бидам здрав како што е тој сега кога ќе бидам на негови години.

да бидам искрен, не знам, во моментов се чувствувам дека сум во врвна форма и знам што правам. многу сум самокритичен, амбициозен и имам многу очекувања од себе.

сакам да возам и да се тркам ја обожавам брзината, сакам да се борам со момците на патеката и мислам дека кога ќе се откажам сите тие работи многу ќе ми недостигаат. засега сум среќен да се тркам. имам валиден договор кој е потпишан и ќе видиме што понатаму – појасни фетел.

Последните две години германецот ја губи титулата од Луис Хамилтон, а на добар пат е тоа да му се случи и трета година по ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ