Фетел откри дека возачите немаат скриени намери со новите правила

Себастијан Фетел смета дека е исправно што шефовите на Формула 1 ги прашале возачите за свое мислење околу новите правила и дека тие немаат никакви скриени правила за новата регулатива.

Годинава ФИА ги покани возачите да присуствуваат на состаноците во Парис на кои се договараа новите правила, претставници Асоцијацијата на Гранд При возачи беа на состанокот, исто како и Луис Хамилтон и Нико Хулкенберг.

дефинитивно е исправно што не прашаа и нас затоа што единствен наш мотив е подобро тркање. мислам дека тоа е многу позитивно и одлично можност за нас да кажеме што мислиме. сметам дека сме единствени на тие состаноци на кои тркањето им е единствен мотив, неутрални сме и го сакаме спортот.

добивме одлична шанса како и сите останати на тие состаноци да донесеме некоја новина која дотогаш не била дискутирана. носиме нешто од внатре и дефинитивно мислам дека сите не слушаат. треба да почекаме да видиме колку од тоа ќе биде имплементирано.

дел од преговорите се политика, дел се тактика, но како што реков, ние сме надвор од тоа и гледаме само како најдобро да го унапредиме спортот и да уживаме повеќе – смета фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ