Фетел: Подобрувањата не беа толку добри

Себастијан Фетел вели дека подобрувањата кои ги донеле Ферари на Француското Гранд При не ги испорачале очекуваните перформанси во петочните тренинг сесии.

Италијанската екипа донесе нови крила и отвори за сопирачките како дел од пакет со кој се надеваа да поправат неколку слабости на својот болид. Но, иако некои нови делови ќе останат на болидот до крајот на викендот, Фетел е јасен дека нивото на напредок не е тоа на што се надевал.

Не се добри, ако сум искрен, многу работа имаме пред нас. Да, не го понудија тоа што го очекувавме, ќе видиме што може да пробаме преку ноќ, можеби ќе биде подобро.

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, истакна дека иако новите подобрувања не се покажале, некои од нив биле тест елементи, а тие кои биле планирани за трката ќе бидат дел од болидот.

Не е совршено. Донесовме некои длеови кои беа важни да ги тестираме и да ја разбереме насоката на развој. Тестиравме нови делови, некои од нив ќе останат на болидот до крајот на викендот, така што нема целиот пакет да биде отстранет.

Неколку делови ќе останат и се сметаат за позитивни, а тие кои ги разгледуваме се сметаат за дел од нашиот тест план, но не се планирани за трка викендов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ