Фетел: Се фокусирам на Ред Бул, Мерцедес се предалеку за мене

Себастијан Фетел се подготвува за борба со Ред Бул откако се квалификуваше на 7мо место на Пол Рикар во Франција.

Мизеријата продолжува за германецот од Ферари откако ФИА вчера не дозволи казната која стјуардите му ја доделија во Канада дополнително да се разгледува. На денешнтие квалификации тој “го утна“ својот прв круг, а во вториот беше претпазлив и неговото време беше 1,4 секунди од пол позицијата на Луис Хамилтон.

не знам што се случи, но загубив многу моментум и немаше шанса да го завршам мојот прв круг во к3. квалификациите во целост не беа многу добри, нагоре – надоле, некои кругови имав, добро чуствто, во други немав.

јасно е дека на крајот не извадив се од мојот болид за што не ни можам да бидам задоволен, но како што реков, беше тешко за мене затоа што некои кругови беа убедливи, а во други бев послаб. не знам зошто ја загубив брзината.

штета по се што се случи во ка3, мислев ќе бидам подобар, но не беше така.

утре мислам дека ќе имаме добар ритам и добра трка. мерцедес се многу пред мене, но ќе имам трка со ред бул – најави себастјан.

Неговиот колега, Шарл Леклер беше единствена конкуренција за “сребрените стрели“ денеска и ќе стартува од третото место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ