Фетел се шегува: Само Хамилтон не ги памти моите грешки

Откако беше охрабрен од страна на Луис Хамилтон, Себастијан Фетел смета дека актуелниот прва е единствен со краткотрајна меморија кој не ги памти неговите грешки на патеката.

Германецот беше цел на жестоки критики по грешката во Бахреин и продолжувањето на своит енеуверливи изданија од вториот дел на минатата сезона.

хамилтон е единствен со краткотрајна меморија. долго време се тркаме и колку што тој сака да ме победи мене, толку сакам и јас да го победам него. но, понекогаш не знаете што се случува во екипата на другиот освен ако се тркате во иста екипа, случај во кој знаете повеќе.

понекогаш работите не излегуваат како што сакате, но кога не знаете точно или доволно, тешко е да се зкалучат одредени работи. денеска осудите од луѓето не траат повече од една недела. тоа е дел од животот. не знам што точно кажа луис, но убаво е да се чуе дека ме охрабрува – изјави фетел.

Во пресрет на Кинеското Гранд При, Луис откри дека не смета оти има некаква психолошка предност во однос на својот конкурент иако е пред него во поредокот и го победи последните две години во трка за насловот.

не војувам со него и не чувствувам дека сум добил некоја битка и го водам. уживам да се тркам со било кого, без разлика. против секого возам со истиот менталитет, без разлика кој е во другиот болид и во која класа се тркам. за мене пристапот е секогаш ист.

Иако цел викенд во Бахреин беше зад својот колега, Фетел смета дека не треба да промени ништо поради тоа што му се случи последната трка.

сум бил во бахреин многу пати и доборо се снаоѓам таму. сум победил на неколку трки исто така, така што не мислам дека нешто фубдаментално треба да научам или разберам.

како и да е, предизвикот е различен секоја година и имав доволно време да го разберам болидот повеќе на тестот по трката, да работам, да го подобрам и да си поиграм со сетапот. не е вообичаено да менувате се само поради една грешка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ