Фетел смета дека викендот бил пропаст

Себастијан Фетел смета дека Ферари иале пропаднат викенд и не јаоствариле задачата која ја имале, а тоа е да се доближат до Мерцедес со новините кои ги имаа за тркачкиот викенд.

Германецот имаше лоши квалификации, го уништи својот прв обид во К3, а вториот круг беше доволен само за 7мо место, додека на трка успеа да напредува три позиции, заврши 5ти и освои поени за најбрз круг.

лош викенд, не успеавме да направиме ништо. сакавме да се доближиме до мерцедес, но не го направивме тоа. мораме да бидеме искрени и да признаеме дека имавме лош викенд иако се обидовме се што знаевме.

барем шарл дојде до подиум и од тоа можеме да бидеме задоволни. сепак, иамвме за цел да дојдеме овдека и да се доближиме до мерцедес, но сфативме дека новите делови не работат како што очекувавме од нив – откри фетел.

Германецот доби дополнителен поен поради тоа што постави најбрз круг, но ни тоа не било задоволително за него затоа што главната задача не ја отвариле, а Мерцедес се се подалеку.

моравме да одиме на тој поен. барем добивме екстра поен, во спротивно немавме шанси да нападнеме за тоа 4то место. ритамот од 3то до 5то место беше исти и беше тешко да се доближам.

тоа кажува колку силен ритам имаа мерцедес, а мојот најбрз круг на софт гуми беше само 2 стотинки побрз од последниот круг на хамилтон со стари хард гуми. ни претстои навистиан многу работа и мораме да се осигураме дека колку што можеме поскоро ќе ги стигнеме.

Сумирано целата трка Себ објасни:

првата серија беше добра, го стигнував макс и го стигнував шарл. втората серија повеќе се мачев со балансот и немав целосна верба во задниот дел од болидот, но барем можев да притискам силно цела трка.

сепак возев соло, а на почетокот уживав во борбата со мекларен, но бев осамен. се борев силно, но тоа не беше долго.

По Француското Гранд При Фетел заостанува 76 поени зад Хаилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ