Фетел смета дека Леклер не изненадил со победите

Себастијан Фетел смета дека перформансите на неговиот колега, Шарл Леклер, не биле никакво изненадување за тимот на Скудерија Ферари.

Четирикратниот шампион дојде во Маранело во 2015 година и е клучен во враќањето на формата кај италијанците по неколку лоши сезони. Откако е во Ферари, Скудерија победила на 15 трки, а 13 од тие победи се токму на Фетел.

Но, две едноподруго победи годинава има Шарл Леклер во моменти кога неговиот германски колега се мачи на патеката. Сепак, Себ открива дека перформансите на Шарл биле очекувани.

мислам дека позитивно е тоа што тој ги изненади луѓето надвор од тимот, но во екипата тој е дел од академијата на ферари веќе некое време и јасно е дека има голем потенцијал и по толку силната дебитантска сезона со алфа ромео, добро е што веднаш влезе во ритам и има одлични перформанси.

од тимска гледна точка многу е важно да работиме заедно, а не еден против друг за да не си ја трошиме залудно енергијата. тоа е клучно.

за него беше голем викенд во белгија иако сето тоа остана во сенка на смртта на антоан – се присетува фетел.

Откако е во Ферари, Себ за колега го имаше искусниот шампион Кими Раиконен, кој го превзеде местото на Леклер во Хинвил. Доаѓањето на Леклер е позитивно за Себ и тој сака редовно да се при врвот.

се обидуваме да работиме заедно и да го мотивираме тимот затоа што болидот не е онаму каде што сакаме да биде. не сме во можност да конкурираме за победа секоја трка така што јасно е дека можноста е да напредуваме во вистинска насока. верувам дека еден ден ќе имаме болид каков што сакаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ