Фетел смета дека СФ90 има уште многу потенцијал

Себастијан Фетел смета дека Скудерија Ферари има многу силен пакет во СФ90 оваа сезона, но истиот треба да се оптимизира откако треа трка по ред Мерцедес стигнуваат до 1-2 победа.

На предсезонските тестови Ферари ја прегазија конкуренцијата, но во Австралија и Кина беа неубедливи. Во Бахреин беа класа за сите, но Фетел се изврте, а моторо тна Леклер се расипа по што и тогаш не стигнаа до победа.

Со трите 1-2 победа на “сребрените стрели“ во моментов тие водат со 57 поени предност пред Ферари кои имаа два пласмани на 3то место и по еден на 4то место и 5то место.

имаме силен болид и со истиот се е во ред иако не сме успеале да го оптимизираме, особено јас. не сум целосно среќен со стартот на оваа сезона.

трите патеки на кои до сега се тркавме се различни, условите во кои се тркавме се различни, но гледаме некаква шема што треба да се очекува особено во текот на еден тркачки викенд за да разбереме што треба да направиме за да извадиме повеќе од потенцијалот на болиод.т

неколкуте недели зад нас и оние кои престојат се многу важни за тимот за да видиме како ќе се одвива цела сезона.

Германецот потенцираше дека се е во ред со шасијата и моторот од Маранело и дека се што е потребно е оптимизација на пакетот за да се стигне до целта.

се работи за склопување на коцките. мерцедес имаа одлична серија на првите три трки. во австралија се мачевме со временските услови и со сетирањето, но во бахреин драстично се подобривме. во некои делови и од таа трка бевме слаби, што се покажа во кина.

мислам дека можеме да бидеме многу задоволни со моторот кој изгледа силно. нашиот цел пакет одлично работи и се е во ред со него, но поставување на болидот во вистинска насока за да извлечеме повеќе перформанси е она што треба да го направиме. шарл во бахреин покажа повеќе од јас дека болидот е одличен.

оптимумот секако е некаде, но во моментов се мачиме да го најдеме, а мерцедес по тоа прашање се многу пред нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ