Фетел: Треба да работиме подобро, не понапорно

Себастијан Фетел вели дека Ферари треба да работат подобро, наместо понапорно, ако сакаат да направат чекор напред и да ја прекинат доминацијата на Мерцедес.

По Јапонското Гранд При каде Хамилтон и Ботас му помогнаа на Мерцедес да стигнат до шеста последователна титула, Фетел смета дека клучно нешто на што Ферари треба да се фокусира е да се осигураат дека функционираат на најдобар можен начин.

Не сметам дека ни недостасува нешто, Само мора да работиме подобро. Мислам дека сме многу посвеени, работиме многу напорно, но не на ниво кое е достижно.

Очигледно Мерцедес покажаа во последните неколку години дека може да бидете подобри и тие успеаја да го одржат тоа. Ние не сме во таа позиција. Сеуште има простор за подобрување, Но не започнува во Мексико – следната година.

Следната година започнува следната година, така што се што може да научиме оваа година, мислам дека научивме многу околу болидот и слабите страни. Се подобривме, но сеуште има простор … Имавме неколку силни трки, но севкупно сеуште заостануваме.

Фетел е јасен дека Ферари нема простор за слаби страни во било кој аспект од перформансите, доколку сака да им се спротивстави на Мерцедес.

Очигледно не може да видите што прават тие, но мислам дека од надвор тие се многу, многу блиску до перфекција секој пат кога излагаат на патеката. Многу постојани, со многу малку грешки и Тоа ги прави толку силни.

Ако ја освоите титулата на четири трки до крајот, постојат многу работи кои ги правите подобро од останатите. Не верувам дека е само до болидот, мислам дека е до тимот.

Како што кажав, ние ги имаме состојките, посветени сме, имаме интелегенција, само треба да работиме подобро.

Се сведува на малите детали. Не треба да подобриме само едно нешто, туку повеќе мали работи, секој од нас мора да се подобри и тоа е единствениот начин на кој може да се подобриме. Ќе видиме што ќе се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ