Фетел убеден дека Ферари има нови информации за казната

Себастијан Фетел е убеден дека Ферари собрале нови информации пред сослушувањето околу контроверзната казна за време на Канадското Гранд При.

Фетел ја помина финиш линијата на прво место во Монтреал, но поради казната од 5 секунди, победата ја наследи Луис Хамилтон.

Ферари ќе го претстават својот случај пред стјуардите зошто инцидентот треба да се разгледа повторно пред Француското Гранд При, а Скудерија треба воедно да приложи нови докази од тие кои беа достапни во моментот на донесување на одлуката.

Сеуште го имам истото мислење како пред две недели, така што ќе видиме што ќе се случи.

Мислам дека првично треба да се отвори случајот и да се разгледа повторно. Имаме информации кои стјуардите можеби ги немале во моментот и ќе видиме што ќе се случи.

Асоцијацијата на Гранд При Возачи коментира во полза на возачите и мислам дека истакнавме доволно дека е потребна постојаност во одлуките.

Јасно ни е дека не е секогаш лесно и дека секој случај не е црно-бел, но поради тоа побаравме да не остават да се тркаме со повеќе слобода.

Мислам дека сите тоа го сакаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ