Фетел: Ферари ќе ги наполни батериите со паузата

Себастијан Фетел оди на летна пауза со подиум во Унгарија. Тој изјави дека првиот стинт не му бил лесен и дека се надева оти Ферари ќе ги наполни батериите за време на паузата.

Тој беше цела трка зад неговиот колега, младиот Шарл Леклер, се додека не најде начин при крајот да го престигне откако доцна промени гуми на софт, за разлика од Шарл кој порано смени на хард.

Немавме што да изгубиме, имавме долг прв стинт и се надевав дека со софт ќе стигнам до крајот.

Мислам дека имав најбрзи гуми на крајот и ја намалував разликата. Имав прилика и ја искористив и сега се радувам на шампањот. Добро е да се одмори да ги наполниме батериите.

Фетел верува дека патеките по паузата ќе бидат подобри за Ферари.

Има патеки кои се подобри за нас и треба да сме посилни. Ќе видиме, но сепак на хартија тие се подобри за нас. Ќе биде работна пауза за нас и нема да може многу да се одмара во тие две недели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ