Фетел: Ф1 има потреба од Германско ГП

Четирикратниот Формула 1 шампион, Себастијан Фетел, верува дека Формула 1 многу брзо ќе сфати дека има потреба од Големата награда на Германија на својот календар.

Трката е изоставена од следниот календар кој ќе има рекордни 22 настани. Британија, Шпанија, Италија и Мексико кои имаа договор со важност до крајот на огаа година, си обезбедија продолжување на соработката со Либерти Медиа и по крајот на 2019 година, така што Германија е единствена која нема да ја има догодина.

ништо не треб да се направи за да се врати германија на календарот. можеби следната година формула 1 ќе сфати дека им треба германија и ќе почнат преговори за враќање на трката.

не е возможно формула 1 да почне да губи трки кои имаат долку голема историја во спортот како британија, како италија или германија, тоа е штета.

како што реков, ништо не треба да се направи и треба само да сфатиме дека треба да се тркаме во земји како германија. се надевам дека мојата земја брзо ќе се врати во календарот.

се надевам дека каде и да одиме како замена ќе имаме барем толку добри трки како германија со барем толку луѓе на трибините, што и не верувам дека ќе се оствари – објасни фетел.

Германецот веќе потврди дека тој сака календар од 16 трки наместо 22 колку што ќе има следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ