ФИА: Брзиот старт кој ги изненади возачите е според правилата

Од ФИА изјавија дека брзото менување на светлата за старт не требало да ги изненади возачите бидејќи тоа го дозволуваат правилата.

Себастијан Фетел беше еден од возачите кој се најде изненанден од брзото менување и гаснење на светлата кои го означуваат почетокот на трката.

Мислам дека сите беа изненадени колку брзо се палеа светлата. Сигурно не бев единствениот кој реагираше подоцна – изјави фетел.

Но, иако светлата се запалија за 0,8 секунди, Мајкл Маси кој е директор за трка изјави дека тоа не е ништо изненадувачки.

Процедурата беше според правилата. Некои возачи мислеа дека е пребрзо, но беше во рамките на правилата.

Процедурата за старт е контролирана од Кристијан Брил кој ја превзема улогата од Чарли Вајтинг, но Брил изјави дека нема рестрикции за тајмингот кога се гасат светлата и дека правилата се отворени за тој што управува со стартот.

Откако болидите ќе се наредат се вклучува светлото за 5 секунди и одбројува и ги пали наредните се додека не се изгасат сите.

Многу возачи се пожалија дека светлата пребрзо се изгасиле.

Од нивна гледна точка тоа е можно, но сепак е според правилата и во рамките на дозволеното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ