ФИА и Ф1 засега не менуваат ништо поради Тајфунот

Шефовите на Формула 1 изјавуваат дека се обидуваат да ги минимизираат влијанијата во распоредот на Јапонското Гранд При кое може да ги донесе супер Тајфунот Хагибис.

Јапонското копно треба да го почувствува влијанието од Тајфунот во Сабота, а веројатно е дека силен ветер и пороен дожд ќе биде почувствуван и на автодромот во Сузука.

Сегашните прогнози покажуваат дека Хагибис ќе ослабе во Сабота, ветровите кои ги носи ќе забават до 100 кмч, но пороен дождт сепак ќе има. Истиот веќе ги натера официјалните лица на Светскиот рагби Куп да откажат два натпревари планирани за во Сабота, а Формула 1 работи на проценка на ситуацијата дали е потребно нешто да се промени и на трката.

Формула 1 и ФИА имаа заедничка изјава во која велат:

ФИА, Формула 1, официјалните лица на сузука и организаторите од јапонската автомобилистичка федерација засилено го анализираат тајфунот хагибис и неговото потенцијално влијание врз јапонското гранд при.

направено е се за да се минимизираат проблемите во однос на распоредот, но безбедноста на фановите, тркачите и сите на сузука е врвен приоритет.

сите страни продолжуваат со засилено следење на ситуацијата и штом има некакви новини ќе ги откриеме.

Се очекува Тајфунот да се почувствува најсилно во Сабота пред да го смени правецот и да се насочи кон главниот град Токио. Во 2004 година, саботните квалификации во Сузука беа откажани поради Тајфун и истите се возеа во Недела пред трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ