ФИА не го казни Гасли, но Чеко сеуште не му простува

Стјуардите на Јапонското Гранд При решија дека нема да има казна за Пјер Гасли од Торо Росо по сударот со Серхио Перез од Рејсинг Поинт, но мексиканецот не е задоволен од таквата одлука.

Во претпоследниот круг од трката Перез се бореше со Гасли и сакаше да го мине за позиција од надворешниот дел на првиот свиок, но имаа контакт по кој возачот на Рејсинг Поинт се изврте директно во бариерите крај патеката.

Грешката со прерано развејување на карираното знаме значеше дека Чеко си го задржува своето 9то место и доаѓа до два поени, а стјуардите по истрагата заклучиле дека двајцата возачи иаат вина за инцидентот.

мислам дека допирот беше непотребен. бев пред него и му дадов доволно простор. видете дека неговиот болид не е ни поткачен на тротоарот, јас бев доста пред него на свежи гуми и последен круг од трката. тоа што тој го направи беше навистина глупаво, а се извлече со тоа, беше среќен, но можеше да си ја уништи трката и да остане без поени.

има момент кога мора да прифатите дека губите позиција. маневарот кој сакав д аго изведам, даниел рикардо ми го направи два пати во текот на трката и минавме без никаков инцидент – заклучи перез.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ