ФИА предлага активна аеродинамика за 2021

ФИА предлага Формула 1 болидите за 2021 година да имаат активна аеродинамика, пренесува германски Auto Motor und Sport и покрај притисоците од некои екипи да нема толку големи промени во дизајните. Мерцедес се предвидници на оние кои не сакаат големи промени во регулативара, но Жан Тод, првиот човек на ФИА го отфрла тоа.

формула 1 болидите за 2021 година нема да се променат многу во однос на презентираниот концепт – изјавил неименуван извор за германскиот весник.

Сепак, ФИА посакува следните болиди да имаат активна аеродинамика што ќе биде уште полесно во меѓусебно следење. Идејата била ставена на маса на последниот состнаок на техничките работни групи.

на почетокот при следење болидите ќе имаат 90% од својата потисла сила, но тоа секако дека ќе се намалува со развојот. дали ќе стане 50% како сегашните болиди, тоа никој не може да го предвиди денеска – смета марцин будковски од рено.

Надежта е дека активната аеродинамика ќе им даде можност на возачите да ги подесат крилата и други делови на болидот додека следат конкурент пред себе за да се осигура блиско трање.

Гунтер Стаинер за руски Championat изјави:

мислам дека има премногу забрани, но има време тоа да се промени. јас го поддржувам буџетското ограничување од предложените 175 милиони долари, но се надевам дека ќе се намли и со тоа правилата ќе бидат пофер.

со поголемо ограничување на буџетитите и повеќе правила, големите екипи ќе продолжат да доминираат. јас сакам помали буџети и поголема слобода.

нашиот буџет е доста помал од предвиденото ограничување. јасно е дека ќе се доближиме повеќе до водечките, но ќе минат неколку години.

важно е дека ограничување на трошењето ќе има, а подоцна ќе биде потребно истото да се прилагоди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ