ФИА со двојни аршини: Хамилтон “куртули” од казна

Луис Хамилтон повторно помина без казна откако небезбедно се врати на патеката за време на вториот слободен тренинг во Петок и го уништи кругот на Макс Верстапен.

Возачот на Мерцедес беше под истрага и повикан кај стјуардите откако небезбедно се врати на патеката по излетувањето поради што Макс Верстапен мораше да отиде прешироко.

Сепак, стујардите сметаа дека нема потреба од никаква казна за актуелниот првак и лидер во шампионатот.

На сослушувањето по тренингот Хамилтон и Верстапен се согласија дека инцидентот не бил опасен и покрај тоа што Верстапен мораше да излезе надвор од патеката. Двајцата возачи се согласија дека Хамилтон имал ограничен видик и агол поради кој не бил во можност да го види Ред Булот.

Стујардите биле задоволни што Хамилтон ги погледнат неговите ретровизори пред да се приклучи на патеката.

Макс Верстапен и за инцидентот на Себастијан Фетел во Канада сметаше дека германецот не погрешил ништо, направил се според правилата и се вратил на патеката согласно правилата. За потсетување, стјуардите на ФИА денеска не ја поништија казната за Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ