ФИА со нов систем за надзор над пневматиците

ФИА планира да воведе стандардизиран систем за мониторинг на притисокот во пневматиците (ТПМС) во 2021 година, што ќе му овозможи на владеечкото тело целосна слика над податоците околу притисокот и температурата на сите пневматици во текот на еден Гранд При викенд.

Потегот се должи на транзицијата на Ф1 кон 18 инчни тркала со пневматици на Пирели и забраната за користење на греачи. Со оваа одлука тие ќе може да се справат со тимот кои потенијално би користеле понизок притисок, додека во исто време би се почитувало правилото за греачите.

ФИА објави тендер за новиот ТМПС, со краен рок од 30 Август. Одлуката ќе биде донесена до 4 Октомври, а прототип систем ќе биде испорачан до Пирели до 15 Ноември за користење при тестот на пневматиците за 2021 година во Декември.

Тимовите ќе ги добијат првите примероци во Февруари. Првичниот договор ќе биде за 2021, 2022 и 2023 година, но ФИА ќе ја задржи опцијата да го продолжи договорот за дополнителни 2 години.

Ова е вттор обид од ФИА да користи тендер со цел да ги контролира тимовите и нивните одлуки од 2021 година и понатаму.

Стандарден систем за мониторинг на температурата во пневматиците и притисокот е планиран за 2021 година. Целта е притисокот и температурата да бидат достапни до ФИА и тимовите во стандарден формат и со одредено ниво на прецизност. Дополнително, коритењето на стандарден систем ќе го поедностави процесот на идентификација на пневматиците и нивното користење.

Целосниот систем кој се бара преку тендерот треба да го сочинува следното:

  • Единица за пренос на тркалата преку безжична мрежа до контролна единица, одреден број на мерки како и серија на метаподатоци и дијагноза.
  • Севкупен систем за добивање на податоци во болидот (антена или повеќе антени), за собирање на податоци од сите четири тркала, со пренос на податоците кон системот на ФИА. Податоците мора да бидат пристапни за сопственикот, одредени со уникатен ID, како и ФИА.
  • Целосен систем за прием на податоци настрана од болидот (со антена или повеќе антени) за собир на податоците од сите тркала и со можност за зачувување на сервер во мрежата на тимот и ФИА. Уредот мора да биде пристапен преку уникатен ID.
  • Како опција, придвежен рисивер за собир на податоци од единечен сензор. Уредот мора да биде пристаплив преку уникатен ID.
  • Придвижен рисивер на ФИА за собир на податоци преку единечен сензор. Уредот мора да биде во можност да пристапи кон секој ID на една екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ