ФИА ќе одлучува кој е подобен за настап во Петок

Тренинг сесиите во Формула 1 ќе важат во обидот на возачите да добијат суперлиценца, започнувајќи од 2020 година, додека W серијата формално ќе биде додадена на категории кои се земаат предвид.

За да учествува во Формула 1 возач мора да собере 40 поени на својата суперлиценца во текот на 3 сезони со цел да ја добие истата. Листата на тркачки категории кои се земаат предвид започнува од Формула 2 се до Формула 4, како и ИндиКар и Светското Првенство на Издржливост.

Од 2020 година, учеството во слободните тренинг сесии на Гранд При викендите исто така ќе се зема предвид. Возачите кои немаат 40 поени може да учествуваат во слободните сесии преку специјална суперлиценца само за слободен тренинг, за кој се потребни само 25 поени. Пример за такви возачи е Николас Латифи, моменталниот лидер во Формула 2 и резервен возач на Вилијамс.

Возачите кои успешно ќе поминат 100 километри во сесијата ќе добијат 1 поен на секоја трка, се додека не добијат казнени поени. Бројот на поени кој ќе се собере од тренинг сесиите е ограничен на максимум 10 во текот на 3 сезони.

ФИА исто така објави дека новата тркачка серија за жени, W, исто така ќе биде дел од категориите кои се земаат предвид, започнувајќи од 2020 година, а истото важи и за Еуроформула Опен. Сепак, ФИА не објави колку поени ќе бидат доделени и колку возачи ќе ги добијат.

За тркачка серија да биде земена предвид, истата мора да има првенство кое се одржува на 3 различни патеки лиценцирани од ФИА. Исто така, за трка да се земе предвид, мора да има најмалку 72 часа пауза помеѓу истата и следниот настан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ