Филмот за Шумахер готов во Декември

Официјален документарен филм за Михаел Шумахер кој е целосно поддржан од неговото семејство ќе биде готов при крајот на оваа година.

Насловот е едноставно “Шумахер“, а поддршката е од голема компанија за филмска продукција, татко му на Михаел, Ролф, сопругата Корина, децата Џина и Мик и многу од клучните луѓе кои биле со “Црвениот барон“ за време на неговата тркачка кариера. Се очекува премиерно да бидат прикажани и до сега невидени видео материјали.

Во моментов документарецот се наоѓа во пост-продукциска фаза, а германските често наградувани филмски работници Мајкл Веч и Ханс-Бруно Камертонс стојат зад оствварувањето. Претходно двајцата имаат направено успешни документарни филмови за славниот германски тенисер Борис Бекер и музичарот Удо Јургенс.

Продукцијата е на Бенџамин Сеикел и Ванес Нокер од B | 14 FILM кои работат заедно со DCM кои се одговорни за германскиот пазар, додека Rocket Science се извршни продуценти и ќе се грижат за дистрибуцијата во светот како и Канскиот филмски фестивал.

филмот ќе истражи многу работи за овој комплексен човек, бескорпулозниот формула 1 возач, амбициозното момче со сон и цел, прибраниот механичар, тимскиот играч и посветениот пријател и татко.

ова е важна година за михаел шумахер затоа што во јануари наполни 50 години, а минаа и 25 години од неговата прва титула. воодушевени сме ни е дадена доверба од неговото семејство и менаџмент и без нивна поддршка овој филм немаше да биде возможно да се направи.

свесни сме за огромната одговорноста која ја носиме со овој филм – велат од Rocket Science.

Сабине Кем, долгогодишниот менаџер, одговорна за односи со јавноста на семејството Шумахер, потврди дека филмот е целосно поддржан.

неверојатната кариера на михаел заслужува да биде прославена 25 години откако стигна до првата од своите седум шампионски титули. среќни сме со овој филм и фактот што ќе го прават амбициозни и професионални филмски работници.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ