Формула Е, Берлин: Доминација на ди Граси и Ауди

Лукас ди Граси стигна до победа на домашен теран за Ауди и негова втора во новата Формула е сезона на трката во Берлин.

Ди Граси имаше победнички маневар на почетокот на трката во свиокот 6 од третиот круг со влез од внатрешната страна на Себастијан Буеми кој стартуваше од пол позиција.

Возачот на Ауди потоа изгради разлика од повеќе од 1 секунда за втора последователна победа на Ауди во Берлин, додека Буеми заврши на второто место.

Во текот на трката Буеми беше нападнат од Антонио Феликс да Коста од БМВ Андрети и падна на трето место, но возачот на Нисан успеа ја врати својата позиција на половина од трката.

Лидерот во првенството Жан-Ерик Верн заврши на трето место за екипата на ДС Течита. Да Коста на крајот се пласираше на четвртто место пред Вандорн и Абт.

Следната трка во Формула Е првенството е на 22 Јуни во Берн, Швајцарија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ