Формула Е доби нов извршен директор

Џејми Реигл кој беше поранешен извршен член на Манчестер Јунајтер и подоцна на Лос Анџелес Рамс е нов Извршен директор на Формула Е.

Тој доаѓа на местото на Алехандро Агаг кој беше на чело од самиот почеток на серијата во 2014 година. Реилг работеше цела декада во Манчестер Јунајтед во бордот на директори. Во 2017 тој замина во Америка да го води НФЛ тимот Лос Анџелес Рамс.

Реигл е избран како идеален кандидат преку ригорозна селекција.

Задовоелн сум и почестен што ќе ја водам Формула Е во новата фаза од развојот. Го следам шампионатот и се восхитувам на тоа што е направено. Ќе продолжам да работам со Алехандро да ја развивам Формула Е како возбудлива серија која е дел од мотороспортот и целиот потенцијал на електричните возила.

Пред стартот на новата сезона која започнува во Саудиска Арабија на 22 Ноевмри, Реигл и Агаг ќе работат заедно.

Би сакал да му посакам добредојде на Џејми. неговото искуство во спортовите низ целиот свет го прави вистинскиот човек за оваа работа. Со неговото додавање во извршниот тим имаме силна платформа за развој на Формула Е. Преминот на функцијата ќе го правиме заедно за да бидеме сигурни дека нашите планови се направени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ