Формула Е, Мароко: БМВ му ја подарија победата на д’Амбросио

Џером д’Амбросио победи на Формула Е трката во Маракеш, Мароко, втората трка од првенството за 2018-2019 година, откако доминантните болиди на БМВ возени од Антонио Феликс да Коста и Александер Симс имаа директен судар и ја изгубија шансата за триумф.

Возачот на Махиндра, д’Амбросио, стигна до победата по безбедносното возило кое беше истакнато при крајот на трката, додека на второ и трето место се пласираше дуото на Вирџин Рејсинг, Робин Фријнс и Сем Бирд.

Драмата започна од Симс кој го нападна својот тимски колега од БМВ Андрети од надворешната страна на свиокот 7 на крајот на главниот правец. И двајцата ги блокираа сопирачките и се судрија во ивицата од свиокот, да Коста заврши во заштитната бариера, додека Симс продолжи и беше четврттопласиран по безбедносното возило.

По три кругови позади безбедносното возило, повеќето од возачите го искористија модот за напад на само 4 минути до крај на трката.

Симс беше единствениот возач во топ 4 кој имаше повеќе моќ на располагање и го нападна Бирд, додека водството на д’Амбросио беше драстично намалено од страна на Фријнс. Но возачот од Холандија не најде простор да го мине д’Амбросио, кој ја мина финиш линијата со предност од само 0.143 секунди.

На стартот, Бирд водеше од пол позиција и изгледаше дека првото место е загарантирано, но Жан-Ерик Верн, кој стартуваше од втората позиција, успеа да најде место во првиот свиок со мал контакт. Поради контактот Верн се изврте, додека останатите се обидуваа да го избегнат неговиот болид, поради што Себастијан Буеми и Мич Еванс паднаа од 3то и 4то на 13то и 14то место.

Контакт имаше и помеѓу Нелсон Пике, Паскал Верлејн и Лукас ди Граси, додека Стофел Вандорн и Гери Пафет исто така имаа судар, поради кој и се откажаа.

Вкупно четворица возачи не ја завршија трката, а ова е конечниот пласман по Формула Е трката во Маракеш. Третата трка од сезоната е закажана за 25 и 26ти Јануари во Сантијаго, Чиле. Во генералниот пласман води д’Амбросио со 40 освоени поени, пред да Коста и Жан-Ерик Верн кои имаат по 28 поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ