Формула 1 и Силверстон пред нов договор?

Силверстон конечно е подготвен да го продолжи својот договор со Формула 1 и да остане како домаќин на Британското Гранд При на календарот следните години, според извори на германски Auto Motor und Sport.

Иднината на Британското Гранд При е под закана од 2017 година кога БРДЦ, сопствениците на патеката Силверстон, ја активираа клаузата за раскинување на нивниот договор со Формула 1 бидејќи не беа во можност да ги исплаќаат растечките суми поврзани со одржување на трката.

Од тој момент, Силверстон е во потрага по подобар договор, во соработка со сопственикот на комерцијалните права, Либерти Медиа, иако американците истакнаа дека се разгледувале и алтернативи.

Минатиот месец, спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, откри дека иако преговорите се во тек, процесот бил отежнат бидејќи и двете страни се задржуваат до својот став.

Имаме долга историја во Силверстон, Но не постои објаснување зошто тие би ја добиле трката за помалку пари – гласеше изјавата на Браун во тој период.

Сега, според извори на Auto Motor und Sport и нивниот новинар Михаел Шмит, решение е најдено и БРДЦ и Формула 1 групацијата се пред потпишување на нов договор кој се очекува да биде финализиран во Мај.

Тие исто така известуваат дека изданието на Британското Гранд При во 2020 година ја одбележува 70 годишнината и ќе биде исполнето со голема прослава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ