Формула 1 ќе организира четири фестивали за фановите сезонава

Формула 1 потврди дека оваа година ќе организираат четири Фестивали за фановите, пренесуваат од RaceFans, а дополнително, како што веќе пренесувме, ќе има и настан по повод почетокот на сезоната во центарот на Мелбурн.

Првиот град кој годинава ќе организира Фестивал за фановите ќе биде кинески Шангај како најава за 1.000та Формула 1 трка која ќе се одржи во Кина на 14 Април.

Соединетите Американски Држави ќе организираат два Фестивали со цел да се зголеми популарноста на спортот. Еден ќе се одржи во Чикаго, државата Илиноис, во пресрет на Канадското Гранд При во Монтреал. Друг град кој ќе организира Фестивал “преку барата“ сезонава е Лос Анџелес во Калифорнија, во пресрет на октомвриското Американско Гранд При во Остин.

Последни со Фан фестивал за 2019 година ќе бидат бразилците кои во Рио де Женеирот ќе имаат собир во пресрет на Големата награда на Бразил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ