Формула 2, Бахреин: Латифи и Џиото победници на отварањето на сезоната

Николас Латифи од ДАМС беше победник на саботната Формула 2 трка, додека неделниот настан му припадна на Лука Џиото од УНИ Виртуоси.

Трката во Сабота Латифи ја почна од 4то место откако пол позицијата му припадна на Џиото. Сепак, канаѓанецот успеа да победи со 9 секунди пред Џиото, штитеникот на Ред Бул, Серџо Сете Камара беше на 3то место. Следуваа Хуберт, Делетраз и де Вирес, додека Мик Шумахер беше 8ми што значеше пол позиција во Недела.

Втората трка му припадна на Лука Џиото пред Сете Камара и Николас Латифи. Тимскиот колега на Џиото, кинеџот Жу од Академијата на Ферари беше 4ти, додека Делетраз и Шумахер финишираа зад него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ