Формула 2, Белгија: Трагична вест, Антоан Хубер почина

Возачот во Формула 2, Антоан Хубер, почина на 22 годишна возраст откако подлегна на повредите здобиени во страшен судар во првата трка од серијата во Белгија.

Јуниорот на Рено и шампион од ГП3 серијата, се обиде да влезе во топ 10 и беше вмешан во инцидент со Џулиано Алези, кој пак изгуби контрола по излезот од О’Руж. Хубер потоа беше удрен од јунирот на Заубер, Хуан Мануел Кореа.

ФИА потврди дека Хубер подлегнал на повредите во 18:35 часот по локално време, еден час по несреќата.

Кореа беше одведен во болница и е во стабилна состојба. Алези во меѓувреме беше путшен од медицинскиот центар.

Оваа година Хубер победи на 2 трки, во Монако и на Пол Рикар и беше пласиран на осмата позиција во првенството. Тој се очекуваше да добие возачко место една од посилните екипи следната година поради одличните перформанси.

Хубер го освои своето прво првенство во француската Ф4 во 2013 година. По две сезони во Формула Рено, тој доби место во европската Формула 3 во 2016 година, а потоа и две сезони со АРТ во ГП3.

Во 2018 година ја освои титулата во ГП3.

Сочувство од КРУГ.МК до неговото семејство, најблиските и целата моторспорт заедница која загуби одличен талент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ