Формула 2 возачот Кореа сеуште во болница

Здравствената ситуација на Формула 2 возачот Хуан Мануел Кореа почнува да се подобрува откако се наоѓа во болница по големата несреќа за време на Големата награда на Белгија. Во несреќата животот го загуби Антоан Хубер, а Кореа мина со тешки повреди откако удри директно во болидот на французинот.

Младиот возач е во болница од несреќата и беше префрлен од Белгија во Лондон по откажувањето на дишењето. Според последните информации од семејството, возачот е во вештачка кома и покажува знаци на подобрување.

Нашиот син Хуан Мануел е на интензивна нега во Лондон. Има добри и лоши денови, но ние продолжуваме да се молиме за Хуан Мануел. Тој останува во вештачка кома за неговите бели дробови да се подобрат.

Докторите ни кажаа дека ова е долг процес. Инфекциите се под контрола и системот за дишење е стабилен. Веруваме во силата и одлучноста на нашиот син. Има мали подобрувањеа и работите одат на добро.

Ние би сакале само побрзо да заздрави. Докторите внимаваат и прават што е потребно. Закажани се дополнителни операции.

Семејството се заблагодари на фановите за нивната подршка и желбите за побрзо заздравување.

Се забладогаруваме на сите кои се заинтересираа за ситуацијата на нашиот син. Продолжуваме да ги читаме пораките за него. Ние нема да се откажеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ