(Фото) Мик Шумахер по стапките на Михаел

Мик Шумахер стигна до својот прв Формула 1 тест за Ферари откако доби можност да го извози првиот ден во црвената Скудерија.

Штитеникот на Академијата за млади возачи на Ферари и син на седумкратниот Формула 1 првак, легендарниот Михаел Шумахер, ќе го одработи првиот ден во СФ90 пред да мине во болидот на Алфа Ромео во Среда.

Ова е прво посериозно Формула 1 искуство за актуелниот Европски Формула 3 првак кој сезонава се трка во Формула 2 откако лани во Спа го возеше болидот на Бенетон од 1994 година со кој татко му ја освои првата титула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ