Фото: Предно крило сезона 2019

Ревидираниот изглед на предното крило кој ќе биде задолжителен дел од болидите следната година имаше деби во форма на прототип на првиот ден од вториот сезонски тест кој се одржа на Хунгароринг. Форс Индија и Вилијамс беа први екипи кои излегоа со свои верзии од предното крило, додека Ред Бул пробуваше некоја комплексна верзија која личи на хибрид помеѓу овогодишените спојлери и следните.

Ревидираното предно крило за следната сезона треба да ја намали потисната сила за да го подобри квалитетот на тркањето особено во однос на комплексноста кој попречуваше во момент кога се следи друг болид. Ревидираното крило е 200 милиметри пошироко и 25 милиметри подлабоко, додека комплексните крилца и странични завршетоци ќе бидат забранети.

Променето предно крило е прв чекор од планираните промени следните неколку години со цел да се подобри тркањето и конкурентноста во тркањето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ