Прв пат во својата Формула 1 кариера, дебитантот Ландо Норис се закити со признанието Возач на денот од страна на фановите на тркачката серија.
Младиот британец ја почна трката од 5то место и загуби позиција од видно посилниот болид на Ферари со Себастијан Фетел во 5от круг. Промени гуми во кругот број 19от круг и остана зад својот колега.
Сепак, последните 10-тина кругови му беше дојавено дека има проблеми со болидот, не може да користи ДРС, управувачот ќе му станува тврд, а проблеми ќе има и со диференцијалот по што се бореше “машки“ да го зачува своето тогаш 7мо место.
Во последниот круг беше минат од Даниел Рикардо, Кими Раиконен и Нико Хулкенберг, се бореше и мачеше и стигна до поен,
АВСТРАЛИЈА, ВОЗАЧ НА ДЕНОТ: ВАЛТЕРИ БОТАС
БАХРЕИН, ВОЗАЧ НА ДЕНОТ: ШАРЛ ЛЕКЛЕР
КИНА, ВОЗАЧ НА ДЕНОТ: АЛЕКСАНДЕР АЛБОН
АЗЕРБЕЈЏАН, ВОЗАЧ НА ДЕНОТ: ШАРЛ ЛЕКЛЕР
ШПАНИЈА, ВОЗАЧ НА ДЕНОТ: МАКС ВЕРСТАПЕН