Франција, квалификации: Хамилтон со нова пол позиција, Мерцедес со нов прв стартен ред

Втора последователна пол позиција за Луис Хамилтон и Мерцедес на француски Пол Рикар и втор стартен ред за Леклер и Верстапен. Себастијан Фетел само со 7мо време, а трет стартен ред за одличните Мекларен.

Во исто време, рекорд за Мерцедес со 63та “окупација“ на првиот стартен ред, најмногу од било која екипа во Формула 1.

Во текот на првите 18 минути, доминација на Мерцедес плус Шарл Леклер како и на трите претходни тренинг сесии. Ботас прв пред Хамилтон и Леклер, но овој пат во помалку од една десетинка. Интересно, следни во поредокот беа Рено.

Првиот квалификациски сегмент значеше крај за болид на Торо Росо, болид на Хаас, болид на Рејсинг Поинт и Вилијамс. Даниил Квјат заостана поеќе од секунда зад најдоброто време, а повеќе од десетинка зад 15то место. Роман Гросжан беше 6 стотинки побавен од русинот, а зад нив 12ти пат по ред во К1 испадна Ленс Строл. Џорџ Расел 2,2 секунди зад најдоброто време, но 4 десетинки зад својот колега.

Вториот квалификациски сегмент повторно за Мерцедес и Ферари, Ботас на чело пред Фетел и Хамилтон и сите тројца во 8 стотинки. Леклер 26 стотинки зад нив, а остатокот од гридот повеќе од половина секунда.

Александер Албон од Торо Росо за 4 стотинки беше побавен од Пјер Гасли и отпадна во овој сегмент заземаји го подоброто место од 6от стартен ред и трката ќе ја почне крај Кими Раиконен кој беше 7 стотинки побавен од него. Следуваше Нико Хулкенберг со стотинка побавно време од финецот, а две десетинки од Даниел Рикардо кој беше 8ми со новиот мотор на Рено.

Две десетинки зад Рено беше Серхио Перез со својот Рејсинг Поинт, додека Кевин Магнусен имаше неконкурентно 15то време за Хаас со 2 секунди послаб круг од Валтери Ботас.

По првата серија летечки кругови, Хамилтон беше 15 стотинки пред Ботас, а половина секунда пред Ферари. Следуваше Верстсапен и болидите на Мекларен, а Фетел го прекина својот круг откако направи грешка и загуби време во средниот сектор.

Ботас не го подобри своето време, но Хамилтон го подобри и ќе стартува од пол позиција со круг подобар за речиси 3 десетинки од финецот. Вториот ред ќе го поделат Шарл Леклер и Макс Верстапен, додека Норис и Саинз носат трети ред за Мекларен. Себастијан Фетел направи се што може за 7мо време и старт крај Даниел Рикардо, додека последни во топ 10 Гасли и Џовинаци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ