Франција, Т3: Мерцедес не го дава врвот

Болидите на Мерцедес беа најбрзи и на третата сесија за Големата награда на Франција на Пол Рикар.

Валтери Ботас како и на попладневната сесија во Петок и овој пат беше најбрз, но предноста на неговиот најбрз круг во однос на кругот на Луис Хамилтон беше само 4 стотинки. Црвените болиди на Скудерија Ферари беа со 3то и 4то време, Шарл Леклер заостана над 4 десетинки зад најдоброто време, а беше 3 десетинки побрз од својот колега. Зад водечката четвртока, времињата беа изедначени.

Макс Верстапен беше 5ти со речиси 1,4 секуди пред Ботас, а беше побрз за само 6 стотинки во однос на својот колега. Ландо Норис имаше 7мо време и заостана нецели 5 стотинки зад Ландо Норис, а две десетинки зад него беше Даниел Рикардо со РС19 опремен со трета спецификација на Рено. Во најбрзите 10 влегоа и Карлос Саинз и Кими Раиконен. Вилијамс повторно беа најбавни, а Џорџ Расел имаше проблем со моторот.

Во однос на бројот на круговите, Даниил Квјат беше најактивен со 22 обиколки, а над 20 кругови имаше и Роберт Кубица од Вилијамс. Дефктот со моторот го ограничи Расел на само 9 кругови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ